
Калин Ивановски со победа го започна настапот на ИТФ турнирот во Пардубице, каде во првото коло го совлада домашниот тенисер Патрик Хомола.
Македонскиот тенисер без поголеми проблеми стигна до триумфот, откако двата сета ги доби со по 6-4. Со овој триумф Ивановски обезбеди место во второто коло на турнирот во Чешка, кој се игра за награден фонд од 30.000 долари.
Следен противник на Ивановски ќе биде Германецот Клаус Пиенинг, кој моментално е 1912. на АТП листата.

Македонски


