
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска со книжевен настан одбележа 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов (1936 – 2024).
-Со читање на неговата поезија и пригодна музичка програма ќе му оддадеме почит на авторот чие дело има значајно место во македонската книжевна и културна историја. Михаил Ренџов е еден од најзначајните и најавтентични поетски гласови во современата македонска книжевност. Неговата поезија, исполнета со длабоки духовни и филозофски промислувања, ја истражува душата на македонскиот народ, човековата природа и животот, соопшти организаторот.
Библитеката посочува и дека настанот ќе биде посветен „на вреднувањето на неговото богато творештво, како и на потсетувањето на трајните вредности што ги остави зад себе овој исклучителен поет и интелектуалец“.

Македонски




