
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ппоради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ турнирот Пардубице во вториот сет. Ивановски се повлече од мечот при водство од 1-0 во сетови за противникот и 2:1 за него во гемови во вториот сет. Противник на Калин беше Германецот Клаус Пенинг.
Во првиот сет се водеше голема борба, а единствениот брејк го направи Пенинг во 11.гем за водство од 6:5 и потоа го доби и следниот гем на свој сервис. Во вториот сет во трите одиграни гемови немаше ниту еден брејк.
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец во текот на летото имаше проблеми со повредата и ова за него беше втор турнир на кој настапи по заздравувањето.
Ивановски за следната недела е пријавен за настап на турнир во романскиот град Слобозиа.

Македонски


