Skip to main content

„Ехо на несвесното“ – солистички рецитал на пијанистката Дуња Иванова

Солистички рецитал „Ехо на несвесното“ на пијанистката Дуња Иванова ќе се одржи вечер од 20 часот во Салон 19,19 на Културно-информативниот центар во Скопје, кој најави „патување низ различни музички светови во кои спомените, фантазијата, фолклорот и современиот израз се преплетуваат во единствен концертен наратив“.

-Наместо хронолошки преглед на музичката историја, програмата нуди звучно истражување на она што останува скриено зад секојдневното искуство. Обединува дела од различни стилски и временски периоди, поврзани преку идејата за музиката како простор на сеќавања, асоцијации и внатрешни светови.
Концертот почнува со избор од циклусот Silhouettes for Piano на Владимир Ребиков, музички минијатури исполнети со слики од детството, фантазијата и секојдневието. Следуваат легендарните Романски народни танци од Бела Барток, дело во кое народниот материјал добива современ и виртуозен пијанистички израз, соопшти КИЦ за концертот, за кој влезот е слободен. 

Во вториот дел од програмата ќе биде изведена композицијата „Кругови“ од Дино Имери, инспирирана од истоимениот роман на Тина Иванова во која идејата за движење, повторување и постојана трансформација се претвора во музички тек, како и делата „Живот во кутија“ и „Џанго“ од Ана Пандевска.

Поврзани вести