
Некои концертни средби се издвојуваат по својата програма, други по уметниците што ги обединуваат. Овој концерт ги носи двете!
На 19 ноември, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе се обединат на сцената на Македонската филхармонија, во заеднички настап под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.
Два оркестри, еден голем музички состав и една заедничка уметничка визија.
Оваа вечер му припаѓа на оркестарскиот звук во сиот негов раскош – на музичката енергија, виртуозноста и уметничката посветеност на музичарите, кои преку заедничката интерпретација создаваат единствена звучна целина.
Публиката ја очекува програма што обединува различни музички епохи и естетики – од возвишената звучност на Ралф Вон Вилијамс, преку ритмичката енергија на Освалдо Голијов и македонското композиторско творештво на Стојан Стојков, до темпераментната и виртуозна музика на Бизе–Шчедрин.
НА ПРОГРАМАТА:
• Ралф Вон Вилијамс – Фантазија на тема од Томас Талис
• Освалдо Голихов – Последна рунда
• Стојан Стојков – Суита за гудачки оркестар
• Бизе – Шчедрин – Кармен свита
Ова е можност да се доживее силата на заедничкото музицирање и богатството на оркестарскиот звук во изведба на два ансамбли обединети на една сцена.

Македонски




