Skip to main content

Путин: Украинските војници во Курскиот регион мора да се предадат, за нив нема евакуација

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека е невозможна евакуација на украинската армија што остана во Курскиот регион и дека се бара предавање од нејзините припадници кои се кријат. 

Да, го протеравме непријателот од Курскиот регион но сè уште има луѓе што седат во некои подруми, слушаме што зборуваат, бараат евакуација, но сега нема да навлегувам во детали. Нема да има евакуација, бидејќи е невозможно, рече Путин вчера во Москва, на состанокот со учесниците на образовниот маратон „Знаењето на прво место“. 

Тој истакна дека станува збор за расфрлани групи од две или три лица кои „седат во некакви дупки“ и дека од нив се бара да го положат оружјето и да се предадат. 

Путин во неделата изјави дека „украинскиот непријател претрпел целосен пораз во Курскиот регион“ и дека „иницијативата на киевскиот режим во тој регион претрпе распад“. 

Непријателот претрпе огромни загуби, особено меѓу оние кои беа најспособни за борба, најдобро опремени, вклучувајќи ги и формациите вооружени со западна опрема“, рече Путин.

Поврзани вести