Skip to main content

Путин телефонски разговарал со Трамп

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале по телефон, соопшти советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Разговорот бил на иницијатива на руската страна и траел околу час и половина.

Путин одлучно го осудил обидот за атентат врз претседателот на САД и изразил поддршка за американскиот лидер.

Двајцата претседатели разговарале за ситуацијата во Иран и Персискиот Залив, пренесува Спутник.

Русија ги продолжува активните контакти со Иран и земјите од Персискиот Залив, Израел и САД“, наведе Ушаков и додаде дека Путин смета дека е правилно да продолжи режимот на прекин на огнот бидејќи тоа ќе придонесе за стабилизација на ситуацијата.

Поврзани вести