
Португалците денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори каде се очекува кандидатот на најголемата опозициска сила – крајната десница – да стигне до вториот круг.
Избирачките места се отвораат во 08:00 часот по Гринич, а првите излезни анкети се закажани за 20:00 часот.
Според анкетите на јавното мислење, Андре Вентура, претседател на крајно десничарската партија CHEGA, би можел да победи во првиот круг, но 43-годишниот пратеник има многу мали шанси да победи во вториот круг на 8 февруари. Taa партија е формирана пред само шест години.
По неколку недели исклучително тесна конкуренција, кандидатот на социјалистите Антонио Жозе Сегуро е малку пред либералниот европратеник Жоао Котрим Фигеиредо во трката за второто место.
Од 11 кандидати, уште двајца имаат шанса да одат во вториот круг – Луиш Маркеш Мендеш од централно-десничарскиот владин табор и Енрике Гувеја е Мело, поранешен адмирал кој се кандидираше како независен кандидат.
Победникот на изборите ќе го наследи конзервативниот Марсело Ребело де Соуза, кој победи двапати во првиот круг. Од демократската транзиција на Португалија, претседателските избори само еднаш се решавале во втор круг; тоа се случи во 1986 година.

Македонски





