Skip to main content

Пред изборите за претседател Ле Пен ја обвинија за проневера на пари

printskrin

 Судот во Париз денеска ги прогласи за виновни поради проневера на јавни средства лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен и осум пратеници од нејзината партија Национален собир (РН).

Судот процени дека вкупната штета изнесува 2,9 милиони евра бидејќи пратениците на РН во Европскиот парламент вработуваат луѓе кои работат за партијата на Ле Пен.

Лидерката на РН е прогласена за виновна за проневера на 474.000 евра поради фиктивно вработување на четворица партиски помошници во ЕП.

Обвинителството претходно бараше пет години затвор за Ле Пен, од кои две години затвор и три условна казна, кои може да се претворат во општествено корисна работа, како и парична казна од 300.000 евра.

Пресудата против Ле Пен и пратениците ќе биде донесена подоцна и може да влијае на нејзината евентуална кандидатура за следните претседателски избори во Франција, закажани за 2027 година.

Ле Пен пред судењето изјави дека обвинителите бараат нејзина „политичка смрт“ и оти процесот е завера РН да не дојде на власт.

Другите обвинети изјавија дека парите се легитимно искористени и оти не е точно дефинирано што работи парламентарниот асистент

Поврзани вести