
Поранешниот тајландски премиер, Таксин Шинаватра, ќе биде ослободен од затвор следниот месец, соопшти затворската управа.
Тој ќе биде ослободен на 11 мај и ќе мора да ги исполни сите услови до крајот на пробниот период, што вклучува носење електронска нараквица“, соопшти администрацијата.
Оттаму додаваат дека казната на поранешниот премиер беше намалена поради неговата напредна возраст и фактот дека му останува помалку од една година од казната.
76-годишниот Шинаватра, кој моментално е во затвор во главниот град Бангкок откако беше осуден по обвиненија за корупција, беше премиер на земјата од 2001 до 2006 година пред да биде соборен со државен удар и да замине во егзил речиси една деценија.
Семејството Шинаватра, заедно со нивната партија Фју Таи (За Тајланѓаните), играа доминантна улога во тајландската политика две децении и беа заколнат непријател на државната елита, која ги поддржува армијата и кралот, кои го сметаа популизмот на Фју Таи за закана за традиционалниот општествен поредок.

Македонски



