Skip to main content

Поради врските со Епстин: Утрово беше уапсен поранешниот британски принц Ендру

Поранешниот британски принц, Ендру Маунтбате-Виндзор, беше уапсен утрово на имотот Сандрингем, а објавени се и првите фотографии и снимки од апсењето.

Полицијата соопшти дека Ендру е уапсен поради сомневање за злоупотреба на јавна функција.

Портпаролот нагласи дека полицајците извршиле претрес на куќата во Норфолк, како и на објектот каде што живеел со години.

Апсењето на Ендру се случило на неговиот 66-ти роденден. Апсењето се случило околу еден час по доаѓањето на полицијата во Сандрингем, кога шест полицајски џипа го опколиле имотот на кралот Чарлс нешто по 8 часот наутро.

Сведоци велеле дека група од осум лица била облечена во цивилна облека, „но изгледало како да се полицајци“.

Ендру Маунтбате-Виндзор, остана без сите титули и беше иселен од палатата во Виндзор поради врските со Џефри Епстин.

Поврзани вести