
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика иранските граѓани да се обединат и да се кренат против иранскиот режим.
„Не ја пропуштајте шансата“, вели тој во видео изјава на хебрејски јазик, „ова е можност што се укажува еднаш во генерација“.
– Наскоро ќе дојде вашиот момент. Моментот кога мора масовно да излезете на улиците, да излезете на улиците за да ја довршите работата за уривање на режимот на ужаси кој ви го загорчува животот – рече Нетанјаху.
„Помошта пристигна“ (Help has arrived), вели Нетанјаху на англиски јазик, повикувајќи ги Иранците да ги здружат силите во соборувањето на режимот.

Македонски


