Skip to main content

„Политико“: Највлијателниот политичар во Европа е Доналд Трамп

facebook donald trump

Магазинот „Политико“ објави листа на највлијателните лидери во Европа.

На прво место, како јајвлијателен лидер на Европа е претседателот на САД, Доналд Трамп.

Изданието го објаснува својот избор велејќи дека во текот на изминатата година, Трамп стана доминантен партнер за европскиот континент.

Кога ја составивме годишната рејтинг на „Политико“ на 28-те највлијателни луѓе во европската политика, една реалност стана очигледна – никој оваа година немаше поголемо влијание врз Европа – ниту одвнатре ниту однадвор – од претседателот на САД“, велат од магазинот.

Во првите 5 на рејтингот се најдоа и:

Претседателот на Русија, Владимир Путин;

Премиерката на Данска Мете Фредериксен;

Канцеларот на Германија Фридрих Мерц;

Лидерката на француската опозиција Марин Ле Пен.

Поврзани вести