Skip to main content

Поглед во прво лице: Снимен моментот на удар на иранска ракета во Израел

На социјалните мрежи е објавено неверојатно видео, снимено во прво лице, односно од непосредна близина на местото каде што удира иранска ракета во Израел.

На видеото се гледа како пристигнува проектилот со огромна близина, по што следува голема експлозија. По експлозијата видеото од камерата се гласи, а во позадина може да се слушнат конфузни гласови на луѓето коишто биле сведоци на ракетниот удар.

Во услови кога воената цензура во Израел не дозволува да се објавуваат последиците од иранските напади, навистина е невообичаено и ретко да се види ударот на една ракета од овој агол.

Поврзани вести