
Француските судови денеска изрекоа парични глоби и условни затворски казни за седум лица обвинети за испраќање пораки на омраза до Томас Жоли, организаторот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Сите седум лица, од кои само едно беше на сослушувањето, ќе мора да платат и едно евро отштета на уметничкиот директор на церемонијата на отворање на Олимписките игри.
Парискиот кривичен суд изрече условни казни од 2.000 до 3.000 евра за тројца обвинети и условни затворски казни од два до четири месеци за преостанатите четворица.
Седуммината, вклучувајќи една жена, се на возраст меѓу 22 и 79 години.