
Франција го уништи својот углед како слободна земја, светски познатиот месенџер сервис „Телеграм, Павел Дуров.
Тој вели дека истрагата што се води во Франција против него не пронашла докази за вина, нагласувајќи дека практиките за модерирање на „Телеграм“ ги следеле индустриските стандарди и дека компанијата ги исполнила сите правно обврзувачки барања од француските власти.
Дуров, исто така, тврди дека француските истражители ги заобиколиле законските канали пропишани од ЕУ кога испраќале барања до платформата, грешка за која вели дека можеле да ја избегнат со „едноставно пребарување на процесот на „Гугл“ или поставување прашања“.
За жал, единствениот исход од моето апсење досега е огромна штета на имиџот на Франција како слободна земја“, вели Дуров, додавајќи дека сè уште мора да се враќа во Париз секоја втора недела, без утврден датум за жалба.