Skip to main content

Орбан: Ќе ги употребиме сите средства за да ја принудиме Украина да продолжи да испорачува руска нафта

Facebook Orbán Viktor

Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ што и се на располагање за да ја принуди Украина да продолжи да испорачува руска нафта, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Го запревме … извозот на дизел во Украина, сè уште го одржуваме извозот на електрична енергија. Ќе ги запреме транзитните пратки што минуваат низ Унгарија, кои се важни за Украина … сè додека не добиеме одобрение од Украина за испорака на нафта – наведе Орбан.

Тој повторно го обвини Киев дека ја уценува Унгарија. Според него, нема технички проблеми со нафтоводот „Дружба“ за да овозможи достава на руска нафта.

Имаме договор со Русите, редовно плаќаме, а Украина со меѓународен договор се обврза дека ќе дозволи трансфер на нафта. Ова е однесување на бандити: тие преземаат меѓународна обврска во меѓународен договор, а потоа не ја почитуваат за да ја уценуваат Унгарија. Она што се случува денес е државен бандитизам и ние мора да најдеме соодветни мерки за тоа – посочи Орбан.

Тој додаде дека не може Украина да ја уценува Унгарија, а да очекува Будимпешта во Брисел да носи финансиски одлуки за поддршка на Киев.

Украинците побрзо ќе остане без пари отколку Унгарија без нафта – потенцира Орбан.

Украинската Влада синоќа ја обвини Унгарија дека држи група украински банкарски службеници како „заложници“. Според Киев, тие транспортирале „35 милиони евра и 9 килограми злато“ низ Унгарија.

Поврзани вести