
Во владејачката коалиција на Германија се случува нов раскол. ЦДУ и СПД не можат да се договорат за пензиската реформа и зголемувањето на даноците.
Министерката за труд и претседателка на СПД, Бербел Бас, остро го критикуваше предлогот за зголемување на возраста за пензионирање.
Оние кои работеле напорно 45 години имаат право да се пензионираат. А оние кои истовремено предлагаат зголемување на возраста за пензионирање и укинување на пензиите за оние кои работеле долго време, не разбираат ништо за животот на обичните луѓе и сеат страв“, рече таа.
Критиките се поттикнати од неодамнешната изјава на министерката за економија и претставничка на ЦДУ, Катарина Рајхе, која се залага за зголемување на возраста за пензионирање. Бас нагласи дека за многу луѓе, особено за оние со здравствени проблеми, тоа ефективно би значело намалување на пензиите.
Во меѓувреме, градоначалникот на Бремен од СПД, Андреас Бовеншулте, предложи друг начин за надополнување на буџетот – зголемување на даноците.