
Германската медиумска група „Аксел Шпрингер“, која е сопственик на англискиот весник „Дејли Телеграф“, постави задолжителни „основни вредности“ за сите свои вработени. Тие вклучуваат постојна и неспорна поддршка за Израел.
Не постои такво нешто како неутрално новинарство. Ние го поддржуваме Израел“, е дел од пораките испратени од ракововството во писмо до вработените.

Секој вработен во „Аксел Шпрингер“ по вработувањето е должен да потпише документ со кој го поддржува Израел.
Матијас Депфнер, сопственик на најголемата германска издавачка куќа во Европа, „Аксел Шпрингер“ (Билд, Велт, Бизнис Инсајдер, Политико Јуроп, Телеграф), се нарекува себеси „нееврејски ционист“ и бара Европската Унија веднаш да влезе во војна со Иран.

Македонски


