
Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово.
Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката.
Она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот којшто ќе го имаме во Тиват од 4-ти до 5-ти јуни,
Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба на ваков сличен, можеби нешто помал објект на северената граница, во општина Куманово. Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме во рамки на законите и Уставот, да го преземеме институционалниот ризик и да ги забрзиме процедурите, да може што повеќе вакви објекти да се изградат. Како држава имаме интерес, зашто низ Коридорот 10 годишно транзитираат минимум 10-на милиони патници, така што тоа ќе претставува додадена вредност за македонската економија. Само 10 проценти од нив ако застанат и одлучат да пазаруваат, колку тоа би значело преку ДДВ и други давачки, вработување луѓе, социјална активност,…, истакна Мицкоски.

Според него, Владата е апсолутен поддржувач на ваквите проекти и идеи.

Македонски


