
Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за 1,0 % во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 % е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62,4 %, а жени 37,6 %.
Стапката на невработени за лица на возраст од 15=29 години, во првиот квартал годинава, изнесува 24,6 отсто. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 %. Од вкупниот број вработени, 57,9 % се мажи, а 42,1 % се жени.
Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94 197, што е за 4,3 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43,6 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,5 % во секторот Градежништво.
Главни поенти
Активно население: 797 884 лица
Вработени: 707 385 лица
Невработени: 90 499 лица
Стапка на активност: 52,5
Стапка на вработеност: 46,5
Стапка на невработеност: 11,3

Македонски


