Skip to main content

Наместо 90 секунди, Рилс 3 минути: Инстаграм ги менува правила на игра

Одлуката доаѓа во клучен момент за TikTok, бидејќи Instagram воведува можност за објавување многу подолги видеа.

Инстаграм објави дека корисниците отсега ќе можат да објавуваат Reels со должина до три минути, што е двојно повеќе од претходното ограничување од 90 секунди.

Оваа промена ја најави извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, кој објасни дека одлуката е донесена врз основа на повратните информации од корисниците, кои сметале дека 90 секунди не се доволни за квалитетна содржина.

Ова претставува значителен зафат во пристапот на Инстаграм, особено во споредба со минатогодишната изјава на Мосери, во која тој нагласи дека платформата нема да се фокусира на видеа со подолга форма за да не ја загрози својата „суштинска улога во поврзувањето на луѓето со пријателите“.

Сепак, корисничкиот притисок за подолги видеоформати се покажа како решавачки фактор за оваа промена.

Одлуката е донесена во период кога TikTok, кој уште во 2021 година овозможи објавување видеа подолги од три минути, неодамна најави привремено затворање на платформата во знак на протест против претстојната забрана во САД, пред да ја промени одлуката и да продолжи со работа.

Инстаграм досега беше релативно бавен во зголемувањето на должината на видеата на Reels – повеќе од две години поминаа откако ја зголеми границата на 60 секунди.

Компанијата тестираше објавување видеа долги до десет минути, но сè уште не ја имплементирала целосно оваа опција, ограничувајќи ги подолгите видеа на класичните објави, а не на Reels.

Поврзани вести