Skip to main content

Нагло паднаа цените на нафтата

zbynek-burival-on-unsplash
Zbynek Burival on Unsplash

Цената на нафтата на светските берзи минатата недека се намалија за повеќе од 11 проценти, бидејќи стивнаа стравувањата од прекин на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток, откако беше постигнат договор за примирје меѓу Израел и Иран.

Цената на барел на лондонската берза минатата недела потона за 12 проценти, на 67,77 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 11,3 проценти, на 65,52 долари.

Цените на нафтата нагло паднаа на почетокот на минатата недела, кога беше постигнат договор меѓу Израел и Иран за прекин на огнот. Така, стивнаа стравувањата од прекин на испораките на нафта од Блискиот Исток и затворање на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат помеѓу 18 и 19 милиони барели сурова нафта и гориво за клиенти од целиот свет.

Поврзани вести