Skip to main content

Макрон утре ќе именува нов премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон утре претпладне ќе именува нов мандатар за состав на влада, соопшти Елисејската палата.

Соопштението за именувањето на премиерот ќе биде објавено утре наутро, соопштија соработници на Макрон, додека францускиот претседател вечерва слета на парискиот аеродром, враќајќи се од посетата на Полска.

Францускиот парламент на 4 декември и изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние и тоа се случува првпат по падот на владата на Жорж Помпиду во 1962 година.

Поврзани вести