Skip to main content

Макрон порача дека не планира да поднесе оставка

video screenshot
video screenshot

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека нема намера да поднесе предвремена оставка пред гласањето за доверба на владата, закажано за 8 септември.

Причина за гласањето е незадоволството на населението поради мерките за штедење предвидени во нацрт-буџетот за 2026 година, а премиерот Франсоа Бајру најави дека прашањето за доверба ќе се разгледа на вонредна седница на парламентот.

Што се однесува до мене, јас верувам во демократија. Демократијата се состои во тоа луѓето да гласаат за одреден мандат. Мандатот што ми го доверија Французите и никој друг, ќе биде исполнет до крај“, истакна Макрон на прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мандатот на актуелниот француски претседател истекува во 2027 година.

Поврзани вести