
Унгарскиот премиер Петер Маѓар, на вонредна седница на Парламентот – изјави дека неговата влада ќе иницира уставни измени за разрешување на претседателот на земјата, Тамаш Суљок. Локални медиуми посочуваат дека владата ќе ја започне уставната реформа наесен.
Во своето обраќање пред пратениците, премиерот нагласи дека неговиот кабинет ќе преземе и широк спектар економски, политички и правни мерки со цел да се искорени корупцијата во Унгарија. Меѓу овие мерки е и формирањето нова институција – Национална служба за заштита и за враќање на имот.
Најавата за уставните измени следува откако на почетокот на јуни Петер Маѓар изјави дека ќе го смени претседателот на Унгарија преку измена на Уставот, по истекот на рокот што премиерот му го даде на Суљок за да поднесе оставка.

Македонски



