Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин ќе ја поздрави желбата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за контакти, но оти засега нема потези за контакти.
Посоодветно е да се чека Трамп да го направи првиот чекор, истакна Песков.
Тој коментирајќи ја изјавата на Трамп за Гренланд и Канада наведе дека Арктикот е во зоната на стратешките национални интереси на Русија.
Москва внимателно ги следи драматичните случувања, стремејќи се кон мир и стабилност во регионот, истакна Песков.