
Казахстан ги усвојува стандардите на НАТО за производство на оружје и го напушта рускиот воено-индустриски комплекс.
Степската централноазиска држава планира да изгради четири фабрики за производство на артилерија, мини и муниција – првите производствени капацитети што ќе ги исполнат стандардите на НАТО.
Вкупната цена на проектот е 1 милијарда долари. Првата фабрика, АСПАН-1, веќе е во изградба и треба да се отвори во 2027 година.
Борбената способност на казахстанската армија со години зависи од советските магацини и залихи од Русија. Немаше сопствено производство на артилериски гранати. Но, уште во 2023 година, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев ѝ постави на владата задача максимално да го локализира производството на воена опрема и муниција во земјата:
Оклопни возила, беспилотни летала, модерно лесно оружје – сето ова треба да го произведуваме сами, на територијата на нашата земја“, порача тогаш Токаев.
Така, АСПАН е само еден од очекуваните чекори на Казахстан, кој ја зајакнува својата соработка со Турција, Кина, ЕУ, иако најголемиот воено-технички партнер е Русија. Со оглед на „мултивекторската“ политика на Казахстан и сè посложената глобална ситуација, во иднина може истовремено да стане снабдувач на муниција и за земјите што користат руска опрема, но и за тие со стандард на НАТО.

Македонски






