
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е уверена оти лидерите на Европската унија ќе постигнат договор за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на одбраната и обновата на Украина пред денешниот самит на ЕУ.
Во разговор за германскиот радио канал Дојчландфунк, таа рече дека ова нема да биде прв пат да се најде решение во многу сложена ситуација.
Лидерите на Европската унија денеска ќе одлучат како да ја финансираат Украина во 2026 и 2027 година, за да може земјата да продолжи да се спротивставува на руската агресија, при што користењето на замрзнатите руски средства во ЕУ е најверојатната опција, пренесуваат британските медиуми.

Македонски






