Skip to main content

Јапонските „Трамписти“ го предводат порастот на десницата под слоганот „Јапонија на прво место“

marcellinus-jerricho-from-pixabay

Локалните „Трамписти“ во Јапонија добиваат на предност на јапонските парламентарни избори, особено крајно десничарската „Сансеито“, која води кампања под слоганот „Јапонија на прво место“.

Според Ројтерс, оваа политичка сила ќе добие 10-15 места во горниот дом, според излезните анкети, иако претходно имаше само еден пратеник. Исто така, ќе ги зајакне позициите на другите партии со антиимигрантска реторика. Се предвидува дека владејачката коалиција ќе го изгуби мнозинството.

Покрај заострувањето на миграциската политика, партијата се залага за идеи за напуштање на „глобалистичката“ агенда, ревидирање на политиките за животна средина и вакцинација и намалување на даноците.

Партијата се појави на Јутјуб за време на пандемијата, критикувајќи ги методите за борба против Ковид-19 и глобалистичките, западни вредности и надворешната политика на Јапонија, која е недоволно суверена.

Лидерите на „Сансеито“ ги обвинуваат САД за дестабилизација на меѓународната ситуација и наметнување странски нормим врз остатокот на светот.

Поврзани вести