
Израелските сили нападнаа ракетни лансери што му припаѓаат на проиранското либанско шиитско движење Хезболах во јужен Либан во текот на ноќта, јави ДПА, повикувајќи се на денешно соопштение од израелската армија.
Во соопштението се вели дека спорните лансери претставуваат закана за израелските граѓани и војници.
Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство објави дека шест лица се убиени, а две ранети во вчерашните израелските воздушни напади.
Шесте жртви се во бомбардирањата на Вади ал-Хуџеир, Шрифа, Јатер и Тулин на југот од земјата.
Израелската армија вчера соопшти дека нејзините војници убиле шестмина вооружени лица на Хезболах – двајца во престрелка во Бинт Џбеил и четворица во напад врз зграда што ја користи шиитската група во истиот град, кој се смета за нејзино упориште.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах се продолжува за три недели, но нападите од двете страни продолжуваат, забележува ДПА.

Македонски



