Skip to main content

Спонзорот на Шкендија се закани дека ќе се повлече ако ФФМ не ја преиспита одлуката сериозно да го казни тетовскиот клуб

Спонзорот на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, компанијата „Еколог“ објави соопштение во кое остро реагира на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да го казни тетовскиот клуб со вкупно 105.000 евра и исклучување од учеството во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027. Во соопштението се бара од ФФМ таквата казна итно да биде преиспитана и корегирана.

Спонзорот на Шкендија наведува дека клубот отсекогаш бил пример за сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски, правејќи големи жртви низ годините. Тие ја оценуваат одлуката на ФФМ како неприфатлива и скандалозна и предупредуваат дека размислуваат целосно да го повлечат клубот од македонскиот фудбал доколку одлуката не биде корегирана.

Шкендија е клуб кој со своите достоинствени настапи во Европа го зголеми коефициентот на лигата, од што корист имаат сите локални клубови и благодарение на тоа, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови. Ваквиот пристап нè принудува да ја разгледаме можноста за повлекување од клубот, односно од фудбалот во Cеверна Македонија“, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека доколку ФФМ не ја повлече одлукаta, тие како спонзори на Шкендија сериозно ќе ја разгледаат оправданоста за натамошно продолжување на поддршката, со оглед на тоа што, како што наведуваат, оваа одлука ги нарушува правата и политиките на клубот.

Очекуваме органите на ФФМ итно да реагираат и да ја преиспитаат одлуката, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“, се вели во реакцијата на спонзорот на ФК Шкендија.

Реакцијата доаѓа откако ФФМ му изрече казна на тетовскиот клуб во вкупен износ од 105.000 евра поради низа прекршоци сторени за време на финалниот натпревар од Купот на Македонија против ФК Силекс. Поради серизоноста на прекршоците, клубот дополнително е казнет со исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027.

Поврзани вести