
Двата воведни натпревари од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) донесоа гостински победи, откако Тиквеш му го нанесе првиот пораз на лидерот Шкендија Тетово (3-1), додека Шкендија Арачиново триумфираше над Брегалница (1-0).
Водечката Шкендија, која поради реконструкција на стадионот во Тетово своите домашни натпревари оваа сезона ги игра на ФФМ Тренинг центарот во Скопје, немаше одговор за расположениот Сила, кој со хет – трик (19, 60, 72) им донесе три бода на гостите од Кавадарци. Почесниот гол за Шкендија го постигна Ислами во 68. минута.
Со вечерашниот триумф, Тиквеш се искачи на второто место на табелата со 11. бодови, четири помалку од тетовска Шкендија.
На дуелот во Штип, фудбалерите на Шкендија Арачиново го совладаа домаќинот со голот на Мехмед во 85 минута и ја забележаа третата прволигашка победа.

Македонски



