
Двата најтрофејните и најпопуларните фудбалски клубови во Шкотска, Селтик и Ренџерс, се договорија нивните меѓусебни дуели оваа сезона да се играат без гостински навивачи на трибините.
Договорот дојде откако двата клуба беа казнети за немирите што избувнаа по натпреварот од четврт-финалето во шкотскиот Куп одигран на „Иброкс“ на 8 март оваа година, на кој гостинскиот Селтик победи на пенали.
Претходниот договор беше да им се дозволат на гостинските навивачи пет проценти од капацитетот на стадионот.
Повеќе од 120 години, дуелите Селтик-Ренџерс се едно од најголемите фудбалски соперништва во светот, а дополнително се „зачинети“ со политички и религиозни конотации.

Македонски



