Skip to main content

Башкими ја победи Струга во последниот дуел од деветтото прволигашко коло

ФФМ

Башкими во Куманово ја совлада Струга ТЛ со 2:1 во последниот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Гостите од Струга поведоа со голот на Диако во 26.минута. Ор изедначи во 34., а победата за Башкими ја донесе Мајимона со погодокот во 51.минута.

Струга пропушти шанса со освојување на трите бода да се искачи на врвот на табелата. 

Лидер во поредокот останува Шкендија со 20, бода, Струга и Вардар имаат по 17, Тиквеш е четвтри со 16. Следуваат: Шкендија Арачиново со 14, Силекс и Брегалница со по 10, Арсими има 9, Башкими 7, а Скопје 3 бода. 

Поврзани вести