
Украинската партија „Европска солидарност“ го исклучи својот пратеник и член на украинската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Алексиј Гончаренко, откако тој повика на мировни преговори со Русија за завршување на војната. Во оразложението на партијата се наведува дека одлукат била донесена поради „идеолошки разлики“.
Гончаренко претходно изјави дека Украина ја губи војната и треба да прифати територијални отстапки за да ја зачува украинската државност. Тој, исто така, се залагаше за постепено отстранување на санкциите врз Русија, во замена за прекин на нападите врз украинската критична инфраструктура од страна на Русија и замрзнување на борбите на фронтот.

Гончаренко, исто така, неодамна обелодени во јавноста дека Русија на почетокот на војната се повлекла од cеверна Украина и Киевската област поради договорите од Истанбул, што е спротивно на официјалниот украински наратив дека руските сили биле воено принудени од украинските вооружени сили. Со таквата изјава, Гончаренко предизвика значителна политичка дебата и критики.
По објавта на одлуката Гончаренко да биде исклучен од Партијата за европска солидарност, украинскиот пратеник е додаден на контроверзната листа „Миротворец“.
Листата „Миротворец“ е база на податоци за лица кои се сметаат за непријатели на Украина и која претставува неофицијална „листа за отстрел“. Организациите за човекови права постојано ја критикуваат како кршење на слободата на печатот и загрозување на новинарите.
Веб-страницата го опишува Гончаренко како „професионален провокатор“ и го обвини дека презема дејствија со цел да се попречат мобилизациските настани во Украина“. Експлицитно се споменува неговото неодамнешно залагање за мировни преговори и изјавите дека Украина ја губи војната.

„Миротворец“, исто така, наведува голем број други „руски наративи“ што Гончаренко наводно ги ширел во минатото, вклучувајќи ги следниве:
* Застапување за тоа на родителите да им се дозволи сами да одлучат дали нивните деца треба да учат на руски или украински јазик во 2011 година;
* Неговите изјави во 2019 година дека украинската култура е двојазична и дека не сака рускиот јазик да исчезне како јазик во иднина;
* Неговите изјави дека треба на рускиот јазик да му се додели статус на втор државен јазик и да се прошири неговото присуство во училишното образование во 2011 година, за време на неговата работа во регионалниот совет на Одеса.

Македонски


