
Почна реконструкцијата на фудбалскиот стадион кој го користи Фудбалскиот клуб „Башкими“ од Куманово, најавија министерот и заменик министерката за спорт Борко Ристовски и Сафије Садики Шаини.
Првите луѓе на Министерството очекуваат подобрената спортска инфраструктура да придонесе за развој на спортот во локалната заедница.

Министерот за спорт, Ристовски кој присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, истакна дека проектот е реализација на ветувањето дадено пред неколку месеци и дека Министерството и Владата продолжуваат со вложувања во спортската инфраструктура.
Колку што сум информиран, повеќе од десетина години на овие луѓе им се ветувало дека овој фудбалски стадион ќе се реконструира. Конечно, ние, дадениот збор по неколку месеци денеска го исполнуваме и со ова уште еднаш покажуваме дека Министерството за спорт, но и Владата генерално, секогаш и без исклучок стојат зад своите ветувања- рече министерот.

Тој посочи дека реконструкцијата не значи само подобрување на условите за спортистите, туку и вложување во младите кои тренираат на стадионот.
Ова не е подобрување само на спортскиот дел, туку и на социјалниот момент, затоа што овде, пред сè, ќе тренираат и дечиња и ќе се создаваат вредности коишто преку спортот се градат во личности коишто еден ден ја промовираат и ја претставуваат државата – изјави министерот.
Ристовски рече дека по завршувањето на реконструкцијата ќе биде потребно одржување на објектот за да може подолго време да се користи.
Сопственикот на ФК Башкими, Бурак Хида се заблагодари на поддршката на Министерството, посочувајќи дека инвестицијата значи развој на спортот, пред сè на младите деца кои тука тренираат.
Им благодарам на овие луѓе што чесно работат и го исполнуваат ветувањето- рече Хид

Македонски


