
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека во напад со дрон во областа Кунин, на југот на Либан, е убиен еден од командантите на Хезболах.
Како што наведе ИДФ, убиениот Хасан Мохамад Хамуди бил командант на противтенковската ракетна единица на Хезболах во подрачјето Бинт Џбеил на југот на Либан, пренесе Тајмс оф Израел.
Во соопштението се наведува дека тој за време на војната „водел бројни противтенковски ракетни напади врз Израел“.