
Израелските власти одобрија создавање на 19 израелски населби на Западниот Брег, со што вкупниот број на населби што добиле зелено светло во последните три години се искачи на 69, според официјалното соопштение објавено денес, пренесува Ле монд.
Предлогот на министерот за финансии Безалел Смотрич и министерот за одбрана Израел Кац за прогласување и формализирање на 19 нови населби во Јудеја и Самарија (име што Израел го користи за окупираниот Западен Брег) беше одобрен од владиниот совет за безбедност“, соопшти прес-службата на Смотрич.
„(…) ние го спречуваме воспоставувањето на терористичка палестинска држава. Ќе продолжиме да се развиваме, градиме и населуваме во земјата на нашите предци“, додадоа тие.

Македонски






