Skip to main content

Израел нападна командни центри поврзани со иранските безбедносни сили

Израелската војска рано утрово соопшти дека повторно нападнала цели поврзани со раководството на иранските безбедносни сили, вклучително и во градот Исфахан, додека Иран изврши дополнителни ракетни напади врз Израел во текот на ноќта.

Израелската војска напиша на Телеграм дека нападите во Иран биле насочени кон командни центри што им припаѓаат на внатрешните безбедносни власти и милицијата Басиџ, која е позната по суровото задушување на протестите во земјата во претходните месеци.

Погодени се и неколку места за лансирање балистички ракети со долг дострел и погон за производство на ракетни мотори, соопшти израелската војска.

Сирени за предупредување се огласија низ делови од Израел наутро, вклучително и во пошироката област на Тел Авив.

Службата за итни случаи Маген Дејвид Адом соопшти дека околу 20 лица се повредени во иранските ракетни напади. Некои се повредени откако паднале додека трчале кон засолништа.

Поврзани вести