Skip to main content

Ирска, Шпанија и Холандија се повлекуваат од Евровизија поради учеството на Израел

Ирска, Шпанија и Холандија објавија дека ќе го бојкотираат атпреварот за избор на песна на Евровизија во 2026 година откако организаторите му дозволија на Израел да се натпреварува и покрај повиците да се исклучи поради хуманитарните жртви во Газа и нерегуларностите при гласањето.

Шпанскиот радиодифузер РТВЕ, кој го предводеше притисокот за исклучување на Израел и безуспешно побара тајно гласање, порача дека учеството заедно со Израел е некомпатибилно со неговите вредности и потврди дека нема да го емитува финалето или полуфиналето.

Холандскиот радиодифузер Авротрос издаде слична изјава, а се очекува и други земји, вклучувајќи ги Словенија и Исланд, да се повлечат од натпреварувањето.

Поврзани вести