Skip to main content

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази во регионот

Техеран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападне американските воени бази во тие држави со случај САД да го нападне Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel).

Неименуван ирански висок претставник истакна дека Техеран барал од државите во регионот да влијаат врз Вашингтон и да спречат евентуален напад врз Иран.

– Техеран им кажа на земјите во регионот, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати како ако САД го нападнат Иран … барајќи од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран, истакна иранскиот дипломат.

САД на Блискиот Исток има воени бази во Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Израел и други земји.

Поврзани вести