
Претседателот на Азербејџан изјави дека во светот „повеќе не постои такво нешто како меѓународно право, има сила, има соработка, има сојуз“.
Потсетувајќи се на предлогот што го даде на самитот на Организацијата на турски држави во Габала за одржување заеднички воени вежби на земјите-членки во Азербејџан, претседателот на Азербејџан рече:
Верувам дека и ова е неопходно. Ние одржуваме воени вежби со земјите-членки во билатерален формат. Секако, најмногу со Турција, но и со други земји. Сепак, одржувањето заеднички воени вежби може да има големо симболично значење, а во исто време постои и практична потреба за тоа“.
Алиев порача дека сите треба да заборават на меѓународното право.
Сите нека заборават на тоа. Има сила, има соработка, има сојуз, има меѓусебна поддршка. Светските процеси се движат во насока дека секоја земја пред сè мора да го зајакне својот воен потенцијал, својата безбедност“, рече претседателот во интервју за локална телевизија.

Македонски




