Skip to main content

Германскиот воен концерн „Рајнметал“ ќе произведува барут во Романија

Германскиот концерн за производство на оружје и воена техника „Рајнметал“ и романската компанија „Пирохим Викторија“ основале ново заедничко претпријатие, „Рајнметал Викторија СА“, за производство на барут и модуларно гориво во Романија.

Договорот беше потпишан во Букурешт во присуство на извршниот директор на „Рајнметал“, Армин Папергер и романскиот премиер Илија Болиан.

Фабриката ќе се гради во градот Викторија, округ Брашов.

Проценетиот годишен производствен капацитет е околу 300.000 модуларни полнења, за што ќе бидат потребни околу 750 тони барут. Покрај тоа, ќе се произведуваат 200 тони барут за да се задоволи локалната побарувачка.

Поврзани вести