Skip to main content
Може да пресртне балистички ракети како рускиот „Орешник“

Германија распоредува израелски систем за воздушна одбрана „Стрела 3“ во близина на Берлин

Германија распоредува израелски систем за воздушна одбрана „Стрела 3“ во близина на Берлин.

Гермнските власти тврдат дека овој систем може да детектира и да пресртне балистички ракети како рускиот „Орешник“. Ова е прво распоредување на системот „Стрела 3“ надвор од Израел.

Испораката за германските вооружени сили на израелскиот систем за воздушна одбрана „Стрела-3“ со долг дострел е изведена во рамки на договор вреден 4 милијарди евра.

Договорот е најголемата нарачка за извоз на оружје во историјата на Израел.

Системот „Стрела-3“ ќе биде распореден надвор од Израел и САД за прв пат и ќе биде независно управуван од трета земја.

Поврзани вести