Skip to main content

Франција испраќа 40 тони хуманитарна помош во Газа

Printscreen/Guardian News

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека неговата земја ќе испрати четири лета со по десет тони хуманитарна помош. Авионите ќе полетаат од Јордан.

Ова е итна хуманитарна помош, но не е доволна со оглед на „ужасната“ ситуација таму, изјави францускиот министер за надворешни работи за радиото Франсинфо.

Глобалната организација за надзор на храната во вторникот изјави дека во Појасот Газа се одвива сценарио за глад. Населението е сè повеќе гладно, децата под пет години умираат од причини поврзани со гладот, а хуманитарниот пристап до палестинската енклава е сериозно ограничен.

Поврзани вести