Skip to main content

Фон дер Лајен поради ситуацијата во Иран за понеделник свика состанок за безбедност

Фото: Facebook / European Commission

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека, поради „актуелната ситуација во Иран“, за понеделник свикува посебен состанок за безбедност.

„За регионалната безбедност и стабилност, од најголема важност е да не дојде до понатамошна ескалација преку неоправдани напади на Иран врз партнерите во регионот“, напиша Фон дер Лајен на X.

САД и Израел утрово го нападнаа Иран во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, до кои дојде по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранската нуклеарна програма. Иран одговори со напади врз Израел и повеќе земји на Блискиот Исток, во кои, како што претходно беше соопштено во изјавите на иранските власти, биле гаѓани цели поврзани со САД.

Поврзани вести