Skip to main content

Финскиот претседател: Трамп ќе употреби „стап“ против Путин

AI generated
AI generated

ТрФинскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека американкиот претседател Доналд Трамп, во однос на Русија се префрлил од „политиката на морков“ кон „политика на голем стап“.

Како поткрепа за своите зборови, Стаб аведува дека САД ја зголемуваат поддршката за Украина.

Искуството покажа дека убедувањето и морковите ретко функционираат со Русија. Сега доаѓа фазата на стап. Единственото прашање е колку ќе биде голем стапот“, изјави Стаб за „Политико“ и други медиуми во Хелсинки.

Прашан од новинарите каков „стап“ ќе употреби Трамп против Путин, финскиот претседател на шега одговори:

Можеби тоа ќе биде палка за голф. Претседателот Трамп работи, ако не дење и ноќе, тогаш секој ден за да ја заврши војната. Тој има 14 палки во својата торба“.

Според финскиот лидер, можните мерки вклучуваат заострување на санкциите, вклучително и секундарни санкции, зголемување на тарифите, па дури и поактивна употреба на американско оружје способно да погоди цели длабоко во руската територија.

Поврзани вести