Skip to main content

Еврокомисијата воведе ограничување на употребата на две хемиски супстанции во индустријата

Европската комисија денеска донесе одлука со која се воведува ограничување на употребата на хемиските супстанции диметилацетамид (ДМАЦ) и 1-етил-2-пиролидoн (НЕП) во индустриското производство, како мерка за да заштита на работниците од нивната изложеност.

ДМЦА и НЕП се растворувачи што се користат во многу индустриски процеси, вклучително и при производство на хемикалии, премази, средства за чистење и вештачки влакна. ДМАЦ најчесто се користи во производство на синтетички влакна и лакови за електрични жици, додека НЕП се наоѓа во производи како раствори за чистење, агрохемикалии и градежни материјали. Двете супстанции се користат и во лаборатории.

Со новите мерки, усвоени според Регулативата на ЕУ за регистрација, евалуација, овластување и ограничување на хемикали, се поставуваат строги ограничувања за изложеност, вдишување и контакт со кожа со овие супстанции, со што ќе бидат заштитени работниците кои редовно ракуваат со нив.

За да ја поддржи имплементација на оваа одлука, Европската агенција за хемикалии ќе ги ажурира постојните упатства за користење на супстанции, што ќе им помогне на компаниите подобро да ги сфатат и да се придржуваат кон новите барања.

Со цел да им се овозможи на корисниците да се прилагодат на новите правила за ограничување на употребата на овие супстанции, предвиден е преоден рок од 18 месеци за почеток на нивна примена. Исклучок има само кај употребата на ДМАЦ во секторите за производство на вештачки влакна, каде е предвиден преоден период од четири години.

Поврзани вести