Skip to main content

Естонија ќе го решава проблемот со вишок месо од диви свињи со испораки за украинската војска

freepik
freepik

Додека владите ширум Европа размислуваат како да позајмат милијарди од ЕУ за да набават воена помош за украинските вооружени сили, Естонија смисли неконвенционален начин како д ги искористи дивите свињи во земјата, коишто се подложени на масовно уништување поради епидемија на африканска свинска треска.

Естонските власти одлучија да ги преработат уништените свињи во конзервирано месо и да ги дадат како помош на украинската армија, објави телевизискиот канал ERR.

Идејата доаѓа откако ловџиите почнале да се жалат дека нема каде да го складираат месото од застреланите свињи.

Сепак, Министерството за земјоделство најде решение – да го преработи во храна за украинската армија. Според министерот Хендрик Терас, домашните потреби на Естонија се покриени, но на „партнерите“ добро би им дошла помошта.

Поврзани вести